На првиот Гренд-слем годинава, Австралија опен, познат е и вториот полуфинален пар кај дамите. Него го сочинуваат Ига Швјатек и Медисон Кејс.
Втората носителка во Мелбурн, Швјатек пласман меѓу четирите најдобри обезбеди со победат над Ема Наваро во два сета (2:0). Полската тенисерка на Американката и еден гем во првиот и два во вториот сет (6-1 и 6-2).
Швјатек во полуфиналето повторно ќе игра со Американка. Тоа ќе биде 19-тата носителка Медисон Кејс.
Таа пак по голема борба и безмалку три часа игра, со пресврт ја елиминира Елена Свитолина. Украинката го доби првиот сет со 6-3, но следните два и припаднаа на Американката со 6-3 и 6-4.
Потсетување дека во првото полуфинале ќе играат Арина Сабаленка (1) и Пaула Бадоса од Шпанија. Белорусинката атакува на својот трет трофеј во низа на Австралија опен.