Нов ден, нов предизвик за машката ракометна репрезентација на Македонија на Светското првенство.
Откако ја остварија првичната цел, пласман во втората фаза, сека македонските ракометари сакааат подобар пласман. Црвено-жолтите ги очекува првиот од новите три натпревари во осминафиналната група 2. Противник е селекцијата на Австрија, против која имаме позитивен резултат во меѓусебните дуели.
Селекторот Лазаров смета дека задачата нема да биде лесна, но дека со голема борбеност и спроведување на задачите можеме до победа.
„Австрија е репрезентација која знае што сака во секој дел од мечот.
Двајца важни играчи им повредени што е секако плус за нас, ќе пробаме тоа да го искористиме. Но, без разлика на се, нивниот систем функционира во сите фази на ракометната игра и доста сме претпазливи, се надевам дека подготвени ќе го дочекаме мечот.
Ќе биде тешко, исцрпно… Мора да бидеме физички и ментално спремни, треба да го одработиме мечот квалитетно.
Што се однесува до навивачите, мора да ветиме дека ќе бидеме борбени, се надевам дека македонските навивачи ќе дојдат, можеби не во толкав број како од групната фаза, тие ќе бидат наша додадена вредност.
Ние секогаш очекуваме победа, некогаш сме реални некогаш не, но затоа тренираме”,
изјави Лазаров.
Дуелот меѓу Македонија и Австрија почнува од 15.30 часот и е првиот од денешната програма во групата 2.
РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ / ГРУПИ | СП 2025 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА