Познати се првите два поара за четвртфиналето на прбиот Гренд-слем годинава Австралија опен.

Актуелната шампионка Арина Сабаленка место меѓу осумте најдобри обезбеди со победата над Русинка, Мира Андреева со резултат 6-1, 6-2.

Белорусинката која е победничка на последните две изданија во четвртфиналето ќе игра против Анастасија Павличенкова. Русинката (27-мо рангирана во Мелбурн во два сета ја совлада Дона Векиќ од Хрватска.

Два сета и беа доволни и на шпанската тенисерка Паула Бадоса која беше подобра од Србинката, Олга Даниловиќ. За место во „топ4“ Бадоса ќе се бори со Коко Гоф.

На Американката која е трета носителка и требаа три сета да ја победи Швајцарката, Белинда Бенчиќ со 5-6, 6-2 и 6-1.