Новак Ѓоковиќ е четвртиот тенисер кој обезбеди пласман во четвртфиналето на Австралија опен. Србинот во меч од осминафиналната рунда на првиот годинашен Гренд-слем во Мелбурн, го победи Јиржи Лехечка во три сета.

Новак кој е седми носите (седми и на АТП листата) го доби мечот со 6-3, 6-4 и 7-6 .

Така Србинот во четвртфиналето закажа дуел со второ рангираниот Карлос Алкараз. Шпанецот место меѓу осумте најдобри обезбеди откако неговиот противник Дрејпер го предаде мечот во третиот сет при водство на Алкараз со 2-о во сетови.

Вториот четвртфинален пар го сочинуваат Александар Зверев и Томи Пол.

Германецот (2 носител) во три сета го доби Французинот, Иго Умбер, додека Американецот, Пол (12) славеше над Алехандро Давидовиќ Фокина со 6:1, 6:1, 6:1.