Екипата на ЖРК Чаир донесе ново засилување на десната бековска позиција. Се работи за 22-годишнaта Софија Чавар ракометарка која доаѓа од полскиот тим Кожалин. Таа по една полусезона одлучи да ја напушти екипата на Кожалин.

Младата ракометарка потекнува од школата на ЧСМ Букурешт. Таа во 2021 со првиот тим на Букурешт успеа да освои титулата во Романија. Ракометарката на Чаир претходно има играно и за Актив Плоешти и Дева.

Ова засилување ќе биде значајно за тимот на Чаир, особено со оглед на подготовките за претстојниот натпревар во Европскиот Куп.

Чаирчанки денеска ќе го пречекаат чешкиот тим Славија Прага во Спортскиот центар „Јане Сандански“, со почеток во 18:00 часот, а реваншот е утре на истото место во истиот термин (18 часот).

Инаку, од тимот на Чаир си заминаа две ракометарки десното крило Михаела Ангеловска и бекот Маја Митревска.

Ивона Кимовска