Репрезентацијата на Катар го освои 3.место во Ц групата на ракометниот Мундијал.
Во последниот натпревар од оваа група што се играше во Пореч, Катар го совлада Кувајт со 25-22. Така оваа селекција заврши зад Франција и Австрија кои во меѓусебниот дуел решаваа за првото место, „Триколорите“ очекувано славеа победа со 35-27.
Така Франција во втората фаза ќе пренесе 4 бода, Австријците ќе стартуваат со 2, а Катар од нула.
Тое се и трите можни противници на Македонија во следната фаза на шампионатот. Нашите ракометари утре против Гвинеја ќе треба да го потврдат својот пласман во следната фаза.
Очекувањата се разбирливо победа, па Македонија би пренела еден бод во втората рунда. Унгарија и Холандија ќе решаваат меѓусебно со првото место, но и бројот со кои ќе ја почнат втората фаза.
Утрешниот дуел меѓу Македонија и Гвинеја ќе почне од 18 часот.