Новаќ Ѓоковиќ се пласира во третата рунда на Гренд-слемот Австралија опен.

Србинот во меч од второто коло го совлада Португалецот, Жаиме Фарија со 3-1 во сетови.

Во првиот сер Ѓоковиќ на противникот му препушти само еден гем (6-1), но затоа вториот го загуби во тај-брејк со 7-4. Сепак во следните два најтрофејниот тенисер на светот, одигра на своето ниви и ги доби со 6-3 и 6-2.

Со оваа победа Ѓоковиќ го собори рекордот на Роже Федерер. Сега Србинот ќе го одигра 430-тиот меч на Гренд-слем турнирите или еден повеќе од досегашниот рекорд на Швајцарецот.

А, во тој меч Ѓоковиќ ќе игра против чешкиот тенисер Махач кој со 3-2 во сетови беше подобар од Опелка.

Од фаворитите пласман во следнат арунда обезбеди и вториот носител Карлос Алкараз. Шпанецот загуби само пет гејма против Нишиока, го победи со 6-0, 6-1 и 6-4.