Италијанскиот шампион Интер не успеа да ја впише 14-тата победа во Серија А.

Во дуелот од 19.коло одигран пред својата публика, Интер одигра нерешено 2:2 против Болоња.

Гостите поведоа во 15.минута со голот на Кастро. Сепак на домаќините не им требаше долго да ја анулираат негативата. За тоа се погрижи Дамфрис со погодокот во 19-тата минута. Во судиското дополнение на првиот дел (45+1) Лаутаро Мартинез му донесе предност на Интер од 2-1.

Во вториот дел гостите преку Холм во 64.минута успеаја да израмнат. Иако во продолжението неро-азурите се обидуваа да стигнат до нов гол и трите бода, тоа не се случи.

Така Интер кој е втор на табелата сега има 44 бодови три помалку од Наполи кои има одиграно еден натпревар повеќе. Аталанта е трета со 43 бода. Екипата на Болоња досега собра 30 бодови и е на осмото место на табелата.