Дербито од третата рунда на ФА купот се одигра на „Емирати“ во Лондон. Во него фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа победа по подобротѕо изведување на пенали со 5-3, откако по 120.минути резултатот беше 1-1.

Во првиот дел немаше голови, а вториот донесе повеќе возбудувања. Манчестер поведе со голот на Бруно Фернандеш во 49-тата минута. Веќе во 61.минута гостите останаа со играч помалку. Далот го заработи вториот жолт картон, а со тоа и предвреме го заврши натпреварот.

Тоа домаќините го искористија, па само две минути подоцна Арсенал израмни на 1-1 преку Габриел. Асенал пропушти голема можност да поведат со 2-1. Во 72.миниута беше досуден пенал, но ударот на Одегард голманот на гостите Бајиндир го одбрани.

Така резултатот остана не променет до истекот на предвидените 90 минути, по што се играа дополнителни триесет. Ниту по нив немаше промена на резултатот, па пенал „рулетот“ го реши победникот.

Хаверц во втората серија не реализира за Арсенал. Играчите на Јунајтед ги реализираа петте удари и славеа со вкупно 6-4.