Македонската интернационалка Марија Николовска повторно ќе го носи дресот на грчкиот клуб АЕК Атина. Марија продолжува да ја гради својата интернационална кариера.

Николовска, која игра на сите позиции во бековската линија, се враќа во АЕК Атина откако на почетокот на оваа сезона настапуваше за косовскиот тим Самадреџа.

Минатата сезона таа го носеше дресот на истиот грчки тим и со своите одлични настапи се истакна како една од најдобрите играчи на клубот.

Марија на домашна сцена има настапувано во екипите на Вардар, Чаир, Ѓорче Петров и Спартак.

Со тимот на Чаир три последователни сезони се натпреваруваше на европска сцена, конкретно во Европскиот Куп, каде се истакна како еден од најдобрите стрелци во клубот.

Ивона Кимовска