Тенисерите ја почнаа новата сезона, со неколкуте турнири, а во фокусот беше оној во Бризбејн. На најновата АТП ранг листа, има само една промена во 10-те најдобри.

Александер ДеМануир сега е осми на сметка на Русинот, Андреј Рубљев.

Италијанецот, Јаник Синер кој уште нема настап во новата година и натаму е убедливо прв.

Зад него следуваат: Зверев, Алкараз, Фриц и Медведев, Руд и Ѓоковиќ. Листата ТОП-10 ја закружува Бугаринот, Димитров.

Чехот, Лехачка кој триумфираше во Бризбејн, направи прогрес под четири позиции и сега е на 24-тото место.

Она што претстои за тенисерите се турнирите во Аделаида и Окланд како загревање е првиот Гренд-слем годинава Автралија опен. На турнирот во Мелбурн стартуваа квалификациите, а главниот дел ќе почне на 12-ти јануари.