Фудбалерите на Милан го освоија трофејот во италијанскиот Суперкуп откако во Ријад го совладаа лутиот ривал Интер со 3:2.
Миланското дербито одиграно во Саудиска Арабија ги оправда сите очекувања, а донесе пет гола и голем пресврт.
Кога се чинеше дека на пауза ќе заминат без гол, Лаутаро Мартинез, во надополнување, му донесе предност на Интер со 1-0.
Почетокот на вториот дел од натпреварот не можеше да биде подобар за „неро-азурите“. По неполни две минути игра Мехди Тареми зголеми на 2-0 .
Во 52-та минута Тео Ернандез ја врати надежта на Милан намалувајќи на 1-2.
Нервозната игра на противникот Милан ја искористи во самата заврница. Прво Кристијан Пулишиќ во 80.минута израмни на 2-2.
кога сите очекуваа крај на натпреварот и пенали Теми Абрахам во третата минута од судиското надополнување му донесе целосен пресврт и победа на Милан со 3-2.
Немаше време Интер да израмни, па Милан го освои осмиот трофеј во Супер купот.