Фудбалерите на Наполи ги освоија трите бода во дербито со Фиорентина и избија на 1.место на табелата во Серија А.

Ова е исходот по одиграниот дуел во Фиренца, а во рамките од 19.коло, во кој тимот од Неапол славеше со 3-0.

Бразилецот, Давид Нерес беше стрелец на водечкиот гол за Наполи и тоа во 29-тата минута. Домаќините успеаја да постигнат гол во 35-тата, но беше поништен поради игра со рака.

Во второто полувреме односно 54.минута Ромелу Лукако ја затресе мрежата на „виолетовите“ за 2-0 за Наполи. Веќе во 68.минута беше 3-0, а стрелец беше МекТоминеј. Тој резултат остана и до крајот на натпреварот.

Со трите нови бода и вкупно 44 Наполи изби на 1.место на табелата пред Аталанта која има 41. Сепак тимот од Бергамо има одиграно еден натпревар помалку како и Фиорентина која со 32 бода остана петта.