Најинтересниот натпревар од синоќешната програма во НБА лигата која понуди девет натпревари, го одиграа Денвер и Сан Антонио. Гостите од Тексас славеа победа со 110-113.
Дуелот на првите две ѕвезди на двата тима му припадна на поискусниот Никола Јокиќ, но Србинот не успеа да ја избегне блокадата на Виктор Вембањама по што следуваше кошпот за потврда на победата на Спарси.
Јокиќ натпреварот го заврши со 41 поен, 18 скокови и 9 асистенции. Сепак, во последната четвртина даде само четири поени, а во последните 30 секунди „продаде“ две топки и им овозможи на Спарс да триумфираат.
Вембањама на 35 поени додаде и 18 скока, 4 асистенции и две блокади.
Леброн Џејмс впиша ново историско остварување. Џејмс против Атланта уфрли 30 поени во победат на ЛА Лејкерс со 119:102. Со тоа Леброн стана играчот со најмногу одиграни натпревари во кои успеал да постигне најмалку 30 поени.
Тоа беше 563 натпревар на Леброн со ваков учинок со што го остави зад себе го остави легендарниот Мајкл Џордан. Вистината е дека на Џордан му беа потребни 15 сезони и 1.072 меча да го стори тоа, додека Леброн тоа го постигна во 22-та сезона и по 1.523 одиграни натпревари.
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултети:
Детроит – Шарлот 98:94
Торонто – Орландо 97:106
Њу Орлеанс – Вашингтон 132:120
Хјустон – Бостон 86:109
Оклахома – Њујорк 117:107
Далас – Кливленд 122:134
Сакрамен – Мемфис 110:133