Машката ракометна репрезентација на Македонија се подготвува на нов настап на Светските првенства. На подготовките во салата Автокоманда во посета на ракометарите беше Александар Стефанов.
Стефанов е долгогодишниот член на УО на РФМ и претседател на УО на фабрика Карпош АД Скопје. Тој финансиски ја поддржа репрезентација и Федерација, пред настапот на Светското првенство.
„Поддршката пред настап на големите натпреварувања е драгоцена за репрезентацијата, особено ако доаѓа од луѓе како Александар Стефанов, кој има јасна визија за развој на ракометот. На спортот број еден во Македонија му се потребни луѓе кои ќе продолжат да работат професионално, ќе го подигнат нивото на квалитетот, ќе вложуваат безрезервно во ракометот”, порача селекторот Кирил Лазаров.
Стефанов веќе ја најави својата кандидатура за „наследник“ на Живко Мукаетов кој во март месец го завршува својот претседателски мандат во РФМ.
И повеќе од јасно е дека токму Стефанов ќе биде „идниот“ прв човек во мак-ракометот.