Екипата на Арсенал не успеа да ги впише „планираните“ три бода од гостувањето кај Брајтон. Во дуелот од 20.коло Арсенал одигра без победник 1-1 против Брајтон.
Со голот на 17-годишниот Итан Нванери, гостите од Лондон поведоа уште во 16-тата минута од натпреварот.
Иако во продолжението ,,топчиите” имаа повеќе шанси за гол, не успеаја да постигнат втор, Затоа домаќините преку Жоао Педро од пенал во 62.минута стигнаа до израмнување.
Арсенал остана на втората позиција на табелата, зад Ливерпул кој со два натпревари помалку има пет бода повеќе. Лидерот Ливерпул утре на „Енфилд“ ќе го игра дербито против Манчестер Јунајтед.