Годината што изминува 2024-та во мак-фудбалот донесе нови промени, но и одличен резултат на најдобрата машка репрезентација.

Селекцијата предводена од Благоја Милевски за прв пар во историјата избори настап во повисок ранг од натпреварувањето во Лигата на Нациите.

Тоа македонските фудбалери го сторија без загубен натпревар. Дрва и камења се фрлаа по првиот натпревар и нерешениот исход против Фарските Острови. Но голот и тоа од пенал, беше и единствениот кој Столе Димитриевски го прими до крајот на натпреварите.

Во следните пет македонските фудбалери славеа победи по две над Ерменија и Летонија, а се реваншираа и на Фараните.

Милевски и неговите избраници ја остварија целта, завршија на 1.место и се пласираа во „Б“ конкуренцијата на Лигата на Нациите. Тоа за прв пат ја вметна Македонија во третиот квалитативен сад при една ждрепка, оваа на Светското првенство.

Шансата за историски пласман на Мундијалот ќе ја бараме преку: Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн во квалификациите кои почнуваат во март месец.

Голема е веројатноста да имаме и втора шанса преку така наречените бараж дуели, за кои црвено-жолтите се изборија преку Лигата на Нациите.

Масар Омерагиќ е новиот предводник во мак-фудбалот

Календарската 2024-та донесе и промени во раководните структури на Фудбалската федерација на Македонија. На местото на Муамед Сејдини на претседателското столче седна Масар Омерагиќ. Поранешниот фудбалер на Вардар и Слога Југомагнат итн, веднаш се зафати со работа.

Ги кооптира поранешните легенди, Пандев, Најдовски, Ибраими, Христов, во работата на федерацијата и репрезентациите.

Омерагиќ најави и големи промени во работата на федерациите кои треба да придонесат во развојот на фудбалот, како и поголема регуларност на првенството со воведување на ВАР системот.

Во 2025-тата работа за новиот претседател и новите структури ќе има многу, но пред се за самите фудбалери, кои ќе треба да докажат дека резултатот од 2024-тата не е случаен.

Им посакуваме среќа и успешни резултати.