Традиционално новогодишниот период на спортски план минува во знакот на зимските спортови. Најпрепознатлив настан секако е турнејата „Четири скокалници“ која годинава ќе се одржува во 73-ти пат.
Како дел од Светскиот куп, за најдобрите ски-скокачи, најголем предизвик е да влезат на листата победници на оваа турнеја. Не е голем бројот на оние на кои тоа им успеало.
А, за да го сторат тоа, ќе мора да бидат најдобри во севкупниот поредок по четирите натпревари, по два во Германија и Австрија.
Се започнува попладнево во натпреварите на 137 метарската скокалница во германскиот ски центар Оберсторф. Во
Возбудувањата ќе продолжат Гармиш-Партенкирхен на првиот ден во новата година односно на 1 јануари.
Оттаму натпреварувачите ќе се преселат во Австрија.
За на 4 јануари закажани се скоковите во Инсбрук, а турнејата ќе заврши во Бишофсхофен два дена подоцна на 6 јануари.