Фудбалерите на Ливерпул ја остварија 14-тата победа во Премиер лигата. На гостувањето кај Вест Хем во Лондон, а во натпревар од 19.коло Ливерпул славеше со убедливо 5-0.
Домаќините одолеваа на нападите на Ливерпул половина час, по што гостите постигнаа три гола. Луис Дијаз го отвори резултатот (30.минута). На 2-0 зголеми Гапко (40) по асистенција на Салах кој беше стрелец на третиот гол (44).
И во вториот дел уште два гола во мрежата на домаќините. Александер-Арнолд на ефектен начин (54) зголеми на 4-0. Конечните 5-0 за Ливерпул ги постави Диого Жота (84).
Ливерпул сега има 45 бодови, повторно осум повеќе од второ пласираниот тим на Нотингем Форест кој е најпријатно изненадување во досегашниот тек на сезоната.