По саботниот спуст, во италијанскиот ски-центар Бормио, се одржа третиот супервелеслалом во машка конкуренција, во Светскиот куп. Тој заврши со изненадувачка победа на Фредрик Милер.

24-годишниот Норвежанецот, стави крај на швајцарската доминација во брзите дисциплини. Милер патеката ја мина во време 1:29.22 минути, што беше за 20.стотинки поврзо од Австриец, Винсент Крихмајр. Победникот вчерашниот спуст, Швајцарецот, Алексис Мони, беше трет со 24.стотинки заостанување.

Марко Одермат, првиот фаворит, кој беше најбрз на воведните трки од оваа дисциплина, денеска заврши на петтото место (+0,45).

И оваа трка ја одбележа тешкиот пад на Швајцарецот, Џино Кавизел. По падот швајцарскиот скијач се фатил за десното колено, а по укажаната лекарска помош, со хеликоптер беше пренесен во болница. Трката беше прекината на 20 минути.