Актуелниот италијански шампион Интер се проби на првата позиција на табелата во Серија А.
Тимот од Милано славеше на гостувањето кај Каљари со 3-0 во дуел од 17-тото коло.
Долго време избраниците на Инзаги се маќеа да го скршат отпорот на домашниот тим. Тоа им успеа во 53.минута и тоа пред се благодарение на лошата проценка на домашниот голман Скуфет.
По едно уфрлање на топката во шеснаесетникот на Каљари , бекот на гостите Бастони со глава ја затресе мрежата на Каљари .
Во 71.минута по центаршутот на Барела, на вистинското место беше Лауаро Маритинез да зголеми на 2-0. Конечен резултат го постави Чанханогру од пенал во 79-тата минута.
Интер од третото изби на првото место на табелата со 40 бодови колку што има и Аталанта на втората позиција. Сепак тимот од Бергамо вечерва ќе го одигра својот меч од оваа рунда и тоа на гости во Рим против Лацио.
Трето пласиран е Наполи, со два бода помалку, кој утре ќе хо пречека Емполи.