Швајцарскиот скијач Алексис Мони е сензационалниот победник на спуст во италијанскиот зимски центар Бормио.

Тој оствари најбрзо време, минувајќи ја опасната патека за 1:53.43 минути.

За двојното славје на Швајцарија се погрижи Фрањо фон Алмена , кој го освои второто место со заостанување од 24.стотинки зад сонародникот.

Третото место му припадна на Канаѓанецот Камерон Александар, кој заостануваше 72 стотинки.

Најдобриот светски швајцарски скијач Марко Одермат остана без подиум. Тој ја заврши трката на петтата позиција со 80 стотинки зад победникот.

Сепак Одермат остана лидер во оваа дисциплина со 225 поени пред тројца сонародници. Фон Алмен е втор со 163, Џастин Мурисје има 142 поени, а денешниот победник Мони е на четвртото место со 120 поени.