Во организација на Министерството за спорт, вечерва во Националниот опера и балет во Скопје се одржа Иборот на спортист на Макеоднија за 2024 година.
Лауреати се Милијана Рељиќ кај дамите и Бобан Илиоски во машка конкуренција.
Таеквондистката Милијана Рељиќ годината што изминува бележеше одлични резултати кои ги круниса со настап на ОИ во Париз. Таму нијанси ја делеа од освојување на медал, а беше елиминирана во четвртфиналната рунда.
Кикбоксерот Бобан Илиоски уште еднаш ја израдува нацијата со освојување на шампионски трофеј. Тој беше најдобар, во својата категорија, на Европскиот шампионат во Атина на кој по втор пат стана европски првак.
Во останатите категории признанија добија:
Во младинска конкуренција признанијата ги добија кикбоксерот Силвио Мировск7 и ракометарката Ива Младеновска.
Двете сениорски ракометни репрезентации (жени и мажи) ги добија признанијата за најдобри национални селекции. А, годината на ракометарите ја надополнија Кирил Лазаров кој беше прогласен за најдобар селектор .
Олимпијката Оливера Наковска – Бикова е најуспешна меѓу спортистите со инвалидитет.
За нај успешна национална спортска федерација е прогласена Таеквондо федерација.
Најуспешна спортска екипа од Универзитетите: Машкиот кошаркарски тим на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.
Кај средните училишта најуспешни беа учениците од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, а кај основците оние на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Скопје.
Ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија плакета како достојни претставници на Македонија на меѓународна сцена, на Олимписки игри, европски и светски првенства и клупските ракометни натпреварувања од највисок ранг.