Претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ и спортскиот директор Горан Пандев, одржаа состанок со селекторот на најдобрата репрезентација, Благоја Милевски.

Oтворено и конструктивно разговараа за сите актуелни настани и важни теми поврзани со најдобрата македонска репрезентација. На средбата се разговарало за соработката што допрва започнува меѓу Горан Пандев и селекторот Милевски.

„Имавме отворен и пред се искрен разговор. Претседателот на федерацијата ја повтори искажаната поддршка за работата на А македонската репрезентација.

Со Горан се согласивме дека репрезентацијата секогаш треба да биде над сите нас.

Тоа е национален интерес и секогаш ќе биде во прв план. Сите треба да се ставиме во функција на тоа и на Македонија.

Се надевам дека ќе имаме добра соработка во интерес на тимот, но и на сите кои ја поддржуваат македонската репрезентација, изјави селекторот на А репрезентацијата, Благоја Милевски.

Спортскиот директот Пандев потенцира дека се разговарало за тоа што може да биде подобро во иднина со една цел нови победи.

„Заедно со претседателот Омерагиќ ни беше важно да разговараме отворено со селекторот за сите теми и му благодарам што го сфати она што го сметаме за правилно, а тоа е дека како мала држава мораме да се потпреме на сите расположливи сили и фудбалерите кои имаат квалитет мора да помогнат и со настапи во репрезентацијата.

Секако, доколку тоа го заслужуваат. Верувам дека ги решивме сите такви прашања и се радувам на новите предизвици“, додаде Горан Пандев.