Екипата на Валенсија за која настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се изнамачи во дуелот со Алавес.
Во натпревар од 18.коло, одигран на „Местаља“, Валенсија се спаси од пораз во последната минута и одигра 2-2 со Алавес.
Гостите поведоа рано уште во седмата минута. Нерешителноста на домашната одбрана ја искористи Мартин, а нашиот Димитриевски не можеше да го спречи водство на противникот.
Дури во 70-тата минута Валенсија стигна до израмнување и тоа од пенал преку Риоха.
Но гостите повторно стигнаа до водство. Тоа им успеа во 88-та минута. Беше досуден пенал за Алавез, кој го реализира Жоан Џордан за 1-2.
Валенсија сепак не се предаде па преку Дани Гомез во последната (90) минута стигнаа до израмнување.
Со освоениот бод Валенсија сега веќе не е на дното на табелата, а има ист број на бодови 12, како последно пласираниот Ваљадолид.