Легендата на македонската кошарка Врбица Стефанов денеска полни 51 година. Тој во моментов е во Лучиано Италија, каде игра неговиот син Рубин Стефанов.

Дека 19 годишниот Стефанов јуниор е супер екстремен талент, многупати сме пишувале, но овојпат причината сигурно е поголема.

Младиот Рубин на синоќешниот натпревар меѓу неговиот тим Унибаскет Ланчијано и Перуџа кој заврши со победа на неговата екипа 105-43, повторно беше неверојатен. Тој натпреварот го заврши со 51 поен, 7 асистенции и 5 скокови и вкупен рејтинг 58.

Случајно или не, Рубин поита само неколку часа порано, со 51 поен да му го честита 51 роденден на неговиот татко Врбица.

Италијанскиот тим се сети на тоа па на својот Фејсбук профил објави интересна порака “51 поен за 51 свеќа“.

Италијанците одлично го паметат легендарниот Врбица Стефанов кој своевремено настапуваше за Монтепаски Сиена. Со оваа екипата популарниот Врба освои две шампионски титули (2003/04 и 2006/07) и Суперкупот на Италија во 2004 години како и тогашниот Сапорта Куп.