По речиси еден месец пауза поради Европското првенство, натпреварите од женската Супер лига продолжуваат со прво коло од плеј-офот. Тоа ни носи три интересни дуели, а два од нив го имаат и приматот дерби.
Првиот ќе се одигра денес и ќе се сретнат екипите на Вардар и Куманово. Црвено-црните ќе го пречекаат тимот на Куманово во спортската сала ,,Круме Кепески” со почеток од 17:30 часот.
Утре на програмата се останатите два натпревари.
Второто дерби од ова коло ќе го одиграат актуелниот шампион Ѓорче Петров и екипата на Чаир. Натпреварот ќе се одигра утре во салата „Христо Батанџиев“ со почеток во 17:00 часот.
Во последниот натпревар од ова коло, тимот на Металург Автокоманда ќе му гостува на Астибо во Штип. Натпреварот е закажан за 18:00 часот, а Металург влегува со фаворитка улога и ќе се обиде да ја оправда својата улога.
Во плеј-оф конкуренцијата екипите на Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Чаир стартуваат со 1 бод, а Астибо, Вардар и Куманово од нула.
Ивона Кимовска