Со натпреварите од 16.коло закажани за утре (среда), ќе заврши есенскиот дел во машката ракометна Супер лига.
Потоа ќе следува пауза, во која најдобрата машка репрезентација на Македонија ја чека настап на СП кое ќе се игра од 14 јануари до 2 февруари 2025, во Хрватска, Норвешка и Данска. Репрезентацијата на Македонија ќе игра во Вараждин против Унгарија, Холандија и Гвинеја.
лидерот на табелата Алкалоид ќе го пречека кавадаречки Тиквеш кој е во трка за позициите што водат во плејоф конкуренцијата. Тоа е дуелот што би требало да ја одбележи оваа рунда во која Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат против Бутел и Пролет. Четврто рангираниот Охрид не би требало да има проблеми да стигне до бодовите во дуелот со соседот Струга.
Интересно ќе биде во Куманово и Радовиш каде ќе се играат натпреварите на екипите кои се во долниот дел од табелата.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – 16 КОЛО последно од есенскиот дел
18.12.2024 – СРЕДА
17:00 АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ
17:00 ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ
17:30 ОХРИД – СТРУГА
18:30 ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
19:00 КУМАНОВО – БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД
19:30 РАДОВИШ – ПРИЛЕП
Првенството ќе продолжи на 8-9 февруари следната година.