Ракометарките на Унгарија завршија како бронзени на Европското првенство што завршува вечерва.
Унгарките во дуелот за 3.место, пред својата публика, во Будимпешта, ги совладаа актуелните светски шампионки Французинките со 24:25 (12:13).
Битката за најниското место на подиумот, беше жестока и изедначена од самиот старт па до крајот.
Со тоа унгарските ракометарки го прекинат 12-годишниот пост во освојување медали на големите натпреварувања.
За златото, односно во финалето, ќе играат Норвешка и Данска. Тоа практично ќе биде репризна на финалето од пред две години.
Финалниот меч ќе почне од 18 часот.
Ивона Кимовска