Фудбалерите на Атлетико Мадрид го искористија киксот на градскиот ривал Реал и сега се втори на табелата во Ла Лига.
Атлетико не ја повтори грешката на Реал кој вчера одигра нерешено со Рајо Ваљекано. Популарните „јорганџии“ денеска славеа над Гетафе со 1-0 во дуел од 17-тото коло.
Стрелец на единствениот гол беше Сорин во 69-тата минута.
Сега Атлетико е втор на табелата, а има 38 бодови колку и водечката Барселона, еден повеќе од Реал кој е трето пласиран.
Каталонскиот тим вечерва игра против Леганес.