Во англиската Премиер лига попладнево беа одиграни дуели од 16.коло во кои Ливерпул и Арсенал направија киксови. Фаворитите непланирано останаа пократки за по два бода.

Ливерпул се бореше до самиот крај, но неуспеа да направи целосен пресврт против Фулам. Со 2:2 заврши натпреварот што донесе големи возбудувања. Во 11-та минута Фулам отвори на 1:0 со голот на Переира, а во 17.та минута Ливерпул остана со играч помалку бидејќи Робертсон доби црвен картон. Гакпо ги врати Ливерпул на 1:1 во 47-та минута. Со 2:1 поведе Њукасл во 76.минута, а херој за 2:2 беше Диого Џота во 86-та минута.

Арсенал со многу мака не дојде до победа против Евертон. Со резултат од 0:0 „карамелите” предводени од Џордан Пикфорд издржаа на сите налети на Арсенал.

Њукасл со 4:0 со ја заврши својата задача против Лестер. Во првиот дел резултат беше 1:0, а стрелец на голот беше Марфи во 30.та минута. 47.та минута Бруно Гимараеш зголеми на 2:0, а 3 минути подоцна во 50.та минута Александар Исак зголеми на 3:0. Конечните 4:0 ги постави Марфи во 60.та минута.

Ливерпул која е лидер на табелата сега има пет бодови повеќе од Чалзи кој утре ќе игра против Брентфорд. Арсенал со 30 бода е на 3 место, додека Њукасл има 23 бода и се наоѓа на 11.та позиција.