Претпоследен ден на СП во пливање во кратки, 25 метарски базени што се одржува во Будимпешта. Од македонските пливачи денеска настапи Никола Ѓуретановиќ.
Тој пливаше во квалификациската трка на 800 метри слободно, делница која ја мина во време од 8:06.79 минута подобрувајќи го стариот рекорд за цели 3 секунди.
Тоа беше доволно за седмото место во конкуренција на деветмина во неговата група. Со вкупниот поредок Никола заврши на 27-мото место од 32-ца пливач колку настапија.
Ѓуретановиќ со тоа го заврши учеството на Мундијалот, на кој останува уште Сара Јанковиќ која ќе плива утре во квалификациите на 200 метри слободно.