ФИФА официјално ги потврди имињата на домаќините на Светските првенства во 2030 и 2034 година. Честа да биде домаќин за десет години ќе ја има Саудиска Арабија. Затоа пак во 2030 година, по повод стогодишнината, домаќини ќе бидат неколку земји од три континенти.
Светското првенство во 2030 година ќе се игра во шест различни земји ширум светот. Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини на воведните натпревари на својата земја, додека главниот дел ќе го играат Мароко, Шпанија и Португалија. Сите земји домаќини автоматски ќе се квалификуваат за првенството кое ќе се игра на лето.
Според последните информации, финалето на Светското првенство во 2030 година треба да се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Домот на Реал Мадрид е најмодерниот стадион во светот во моментов и досега изгледа како најреална опција за најголемиот натпревар на репрезентативниот фудбал.
За потсетување следното СП ќе се одржи во 2026 година, а домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико .