Денеска во Будимпешта, Унгарија, започна Светско првенство во пливање во кратки, 25 метарски базени. Македонија на овој шампионат ќе биде претставувана со тројца пливачи.
Прва настап утринава имаше Сара Јанковиќ кој пливаше во квалификациите на 400 метри слободно.
Таа исплива време од 4:22.11 минути што беше доволно само на четвртото место во својата втора квалификациска група. ВО севкупниот поредок Сара заврши на 34.место во конкуренција на 41 пливачки. Својот втор настап Јанковиќ ќе го има на двојно пократката патека од 200 метри на 15 декември.
Во машка конкуренција ќе имаме двајца пливачи.
Олимпиецот Никола Ѓуретановиќ ќе плива на 400 и 800 метри слободно, а Јован Јанковски ќе настапи во трките на 100 метри слободно и пеперутка .