Предновогодишна „честитка“ за српскиот интернационалец Марко Баковиќ дојде од таборот на МЗТ Скопје Аеродром.

Откако ги загубија шансите за пласман во плејофот на АБА2 лигата, а потоа беа поразени и од ТФТ во домашниот шампионат, од таборот на аеродромци пристигна оваа информација.

Без многу објаснувања кратко и јасно е потврдена разделбата со Баковиќ.

„Марко Баковиќ повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје, откако денеска спогодбено го раскинавме договорот со него. Со среќа во понатамошната кариера!“

Почнува ли „чистката“ во сино-белиот тим кој уште на полусезоната е далеку од зацртаните планови пред почетокот на истата, останува да видиме.