Лондонското дерби од 15.коло на Премиер лигата меѓу Тотенхем и Челзи им припадна на сините. Челзи со пресврт во вториот дел славеше со 4-3.
Уште во воведните осумнаесет минути љубителите на фудбалот видоа три гола.
Домашниот тим со погодоците на Соласке (5.минута) и Колушевски (11) имаше два гола предност. Челзи намали преку Санчо во 18-тата минута. Со тој резултат се замината и на паузата меѓу двете полувремиња.
Во вториот дел три гола на гостите и еден на домашните фудбалери. Два од нив и тоа од пенал постигна Палмер (61 и 84.минута), а во меѓувреме (74) во листата на стрелци се впиша и Енцо Фернандез. Во судиското дополнение (90+6) Сон ги постави конечните 3-4 за Челзи.
Челзи ја продолжи победничката низа која сега изнесува четири натпревари едно по друго. Со новите бодови и вкупно 31, Челзи сега е втор пред Арсенал кој денеска одигра 1-1 со Фулам.
По седмиот сезонски пораз, Тотенхем остана на 20 бодови, доволни само за 11-тото место.