Ракометарите на Охрид впишаа нова, очекувана, победа во Супер лигата. Во дуел од 14,тото коло Охрид го совлада Прилеп со 38-28.
Во поголемиот дел од првото полувреме гостите беа рамноправен противник, па дури имаа и водство. Сепак домаќините беа оние кои на одмор заминаа со предност 19-16. Во вториот дел Охрид постепено го кршеше отпорот на противникот, па на крајот славеше убедливо со 10 голови разлика.
Иван Тасески со 9 гола, беше прв стрелец кај победничката екипа за која Гал Цирар постигна седум.
Домашен триумф забележаа и ракометарите на Пролет кои беа далеку подобри од Струга со 38-26.
Охрид останува на 4.место на табелата со два бода помалку од Е.Пелистер односно четири од Алкалоид и Вардар. Тимот на Пролет е само бод зад Бутел кој е на шестото место, она последното што води во плејофот.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 14.КОЛО
Денеска
КУМАНОВО – ТИКВЕШ 26-29
ВАРДАР – РАДОВИШ 33-12
АЛКАЛОИД – БУТЕЛ 32-236
ОХРИД – ПРИЛЕП 38-28
ПРОЛЕТ – СТРУГА 38-26
Вчера
Е. ПЕЛИСТЕР – БИСИНОВ Ф.Л. 45-31