Првиот дел мина резултатски неизвесен со проена на водството на двете екипи и резултатот беше нерешен дури девет пати. На почетокот беше нерешено до 5:5, а потоа следуваше серија од 3-0 за гостите од Бутел, кои поведоа со 8:5. Алкалоид успеа да изедбачи на 12:12, а повторно поведе со 14:13 (прво по 4:3). Во желбата да се одигра подобро во одбраната и двете екипи имаа и неколку исклучувања од страна на судиите Металари и Николовски.

На почетокот на вториот дел Алкалоид со два гола дојде до +3 (18:15), а потоа следуваше и 20:18 за домашниот тим. Во следните минути гостите Бутел имаа проблем со реализацијата пред се со добрата игра на Алкалоид во одбраната. Во таква игра Алкалоид направи серија од 7-1 , а брзо потоа и 9:2 за 29:20 и највискоки +9.

Најефикасен на дуелот беше Филип Николов од Бутел со 9 голови, додека голманот на Алкалоид Галевски имаше 10 одбрани (4 седмерци) и 3 голови.

Алкалоид со триумфот ја запиша 13.та победа и со 26 бодови со Вардар се на делба на првата позиција на табелата, додека Еурофарм Пелистер е трет со 24.

На другите два дуела кои завршија досега денеска: МРК Куманово – Тиквеш 26:29 и Вардар – Радовиш 33:12.