Македонскиот првак Еурофарм Пелистер синоќа се израдува на голема победа во Лигата на шампионите. Триумфот над Висла ги заголеми шансите на пелистерци за пласман во плејофот.
Сега во елитното натпреварување следува пауза се до средината на февруари следната година, па битолчани ќе се насочат кон домашните обврски. Во овој дел од сезоната остануваат да се одиграат уште три кола.
За пелистерци следната обврска е веќе утре кога во Битола ќе го играат дуелот од 14.коло противи велешки Бисинот Ф.Л. Веќе наредниот викенд ќе се игра и големото дерби во кое Е.Пелистер ќе го пречека Вардар.
Останатите натпревари од оваа рунда ќе се играат во сабота, а сите може да ги гледате овде.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 14.КОЛО
Петок 6 декември
18:00 Е. ПЕЛИСТЕР – БИСИНОВ Ф.Л.
Сабота 7 декември
15:30 КУМАНОВО – ТИКВЕШ
16:00 ВАРДАР – РАДОВИШ
17:00 АЛКАЛОИД – БУТЕЛ
18:30 ОХРИД – ПРИЛЕП
18:30 ПРОЛЕТ – СТРУГА