Со натпреварот што ќе се игра попладнево во Кавадарци ќе биде комплетирано 13.коло во машката ракометна Супер лига.
Дуелот во кој Тиквеш ќе го пречека Пролет, може да решава која од овие две екипи напролет ќе игра во плејоф конкуренцијата.
Двата тима досега собраа по 11 бодови и се на делба на седмата и осмата позиција на табелата. Пред нив, на шестото место со бод повеќе е тимот на Прилеп.
Овие четири екипи заедно со Бутел кој има 14 бодови, ќе се борат за двете преостанати места за разигрувањето за титулата. Ова имајќи во предвид дека водечкиот квартет (алкалоид, Вардар, Е.Пелистер и Охрид) е далеку пред останатите.
Ако се имаат во предвид последните резултати, како и нивниот последен меѓусебен дуел во Скопје кој заврши без победник (23-23), тогаш вечерва може да очекуваме неизвесен натпревар.
Како ќе изгледа тоа ќе видиме во дуелот што Тиквеш и Пролет ќе го играат во салата „Јасмин“, а ќе почне од 19 часот.