Фудбалерите на Барселона убедливо ја совладаа Мајорка so 5:1 во натпревар од 19.коло на шпанската Ла Лига.
Во лоша форма, без Роберто Левандовски, Барса пристигна во Мајорка, каде имаше проблеми во првото полувреме, а потоа во вториот дел го „уништи“ тимот на Мајорка.
Се започна во 12.минута кога одбраната на Мајорка покажа колку е ранлива. Првата ситуација ја искористи Феран Торес, кој доби можност пред Левадовски. Каталонците доминираа, но во 43.минута ниту нивната одбрана „капитулира“ откако Ведадо Муричи стрелаше за 1:1.
Со тој резултат се замина и на полувремето, а во второто Барса ја демонстрира својата надмоќ.
Рафиња погоди од пенал, а потоа дваесет минути подоцна Бразилецот го искористи магичното додавање на Ламин Јамал, за 3:1.
До крајот на натпреварот видовме повеќе „магии“ од Јамал и два гола постигнати од Френки де Јонг и Пау Виктор за конечни 5:1.
Барселона по 16 одиграни натпревари сега има 37 бодови, четири повеќе од Реал Мадрид кој има одиграно два меча помалку.