Македонија пропушти голема шанса да оствари барем една победа во силната конкуренција на Европскиот шампионат за ракометарки. 

Вечерашното „реми“ против Турција е резултат со кој може да биде задоволен и селекторот Кристијан Грчевски. Сепак, и тој смета дека неговите избранички заслужија повеќе, потенцирајќи ја и помошта од судиите за противникот. 

„Ова за нас беше навистина тежок натпревар со многу емоции со многу притисок, можеби сум задоволен.

Да кажам, игравме шест на осум кои ќе сфати, ќе сфати. Така да, тоа е крајот резултат, сепак сме задоволни, одиме понатаму“,

изјави Грчевски по натпреварот.

 

Извор: ЕХФ