Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре ќе го игра четвртиот натпревар во квалификациите за ЕП 2025 година.

Во Клаипеда, макеоднските кошаркари ќе ги играат возвратниот натпревар со Литванија од која пред два дена беа поразени во Скопје.

За разлика од првиот дуел, сега во тимот го нема Кристијан Николов кој беше најефикасен на тој натпревар. Но во таборот на црвено-жолтите е Ненад Димитријевиќ кој го прескокна скопскиот меч поради клупски обврски.

Литванскиот селектор Куртинаитис, по првиот натпревар меѓу останатото спомена дека неговата репрезентација е подготвена и за тоа. Кртинаитис тогаш самоуверено изјави дека без разлика на настапот на Димитријевиќ, Литванија е подготвена за нова победа.

Сепак во македонскиот табор, веруваат дека играта од првиот дуел, посебно првата лоша четвртина нема да се повтори. Македонија ќе мора да слави победа доколку сака да ги одржи шансите за пласман на Евробакетот.

Македонските репрезентативци веќе одработија и тренинг пред дуелот закажан за утре. Натпревар меѓу Литванија и Македонија ќе се игра во терминот од 18.30 часот.