Со денешните пет натпревари од 12.коло од ракометната Супер лига, започнува вториот дел од оваа фаза на првенството. Според програмата дербито на колото, дуелот на двете првопласирани екипи, ќе се игра в недела, меѓу Вардар и Алкалоид.
Саботната програма ќе стартува со натпреварот во Охрид меѓу истоимената домашна екипа и Радовиш. Тимот на Стевче Алушовски поради домашниот терени квалитетот е апсолутен фаворит против последнопласираниот Радовиш. Почетокот на дуелот е во 15 часот.
Во Битола првакот Еурофарм Пелистер е домаќин на екипата на Тиквеш, а почетокот на дуелот е во 17 часот. Еден час подоцна е почетокот на два натпревара. Во Велес домашната екипа Бисинов Фриул Ленд ќе се обиде да стигне до втората победа и тоа повторно против единствениот тим што го има совладано Струга. Кумановчани пак во истиот термин ја пречекуваат екипата на Бутел.
Пролет во оваа рунда го пречекува Прилеп во салата „Македонско сонце“, а почетокот на дуелот е во 18:30 часот.
Дерби дуелот меѓу второпласираниот Вардар и лидерот и непоразената екипа оваа сезона Алкалоид се игра в недела во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“. На првиот дуел Алкалоид славеше победа со 33:30.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 12.коло
Сабота
15.00 ОХРИД – РАДОВИШ
17.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
18.00 КУМАНОВО – БУТЕЛ СКОПЈЕ
18.00 БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – СТРУГА
18.30 ПРОЛЕТ – ПРИЛЕП
Недела
19.00 ВАРДАР – АЛКАЛОИД
Сите натпревари може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.