Во воведниот натпревар од 12.коло на машката ракометна Супер лига, екипата на Охрид славеше убедливо против Радовиш. Популарните охридски „Гладијатори“ го декласираа радовишкиот тим со 22 голови разлика.

на дуелот одигран во „Биљанини Извори“ домашниот тим ја потврди својата надмоќ. Уште во водениот дел охриѓани брзо создадоа голема предност, која на полувремето изнесуваше најголеми -11 (19-8). Вториот дел беше чиста формалност па на крајот Охрид славеше со 43-21.

Шипинковски и Костов со по седум гола беа најефикасните во победничката екипа за која Бојаниќ и Андоноски постигнаа по шест.

Денеска ќе се одиграат уште четири натпревари, а дербито е утре во СЦ „Јане Сандански“.

СУПЕР ЛИГА (МАЖ) – 12.КОЛО

САБОТА
ГРК ОХРИД – РК РАДОВИШ 43-21
17:00 РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГРК ТИКВЕШ
18:00 МРК КУМАНОВО – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:00 РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – РК СТРУГА
18:30 РК ПРОЛЕТ 62 – РК ПРИЛЕП
НЕДЕЛА
19:00 РК ВАРДАР 1961 – РК АЛКАЛОИД