Фудбалските второлигаши денеска ќе ги играат натпреварите од 13-тото коло.

Екипите кои се наметнаа за највисок пласман и се во борба за позициите кои водат во прволигашката конкуренција, не би требало да имаат проблеми околу освојувањето на бодовите.

Лидерот на табелата Македонија Ѓорче Петров ќе ја брка 10-тата победа и тоа пред своите симпатизери во дуелот со неготински Вардар.

Второ рангираната штипска Брегалница гостува во Струмица кај Беласица. Тимот на Баскими кој е на третата позиција на табелата ќе игра против гевгелиски Кожув на домашен терен.

Сите натпревари ќе почнат во терминот од 13 часот.

ВТОРА ЛИГА – 13.КОЛО

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР Неготино
БЕЛАСИЦА – БРЕГАЛНИЦА
БАШКИМИ – КОЖУФ
АРСИМИ – БОРЕЦ
КАМЕНИЦА САСА – ВАРДАРСКИ
НОВАЦИ – ОСОГОВО
ОХРИД – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
ПОБЕДА – СКОПЈЕ