Во Втората кошаркарска лига се одиграа натпреварите од 7.коло во кои фаворитите ги оправдаа очекувањата.

Двете водечки екипи на табелата Соколи и Борец баскет славеа победи, па двата тима пак имаат ист број на бодови.

Штипјани немаа потешкотии на гостувањето во Струмица кај Академија ФМП која го претрпе и седмиот пораз. Екипата на Ангели не дозволи ново изненадување да направи тимот на МЗТ Скопје У.Б. кој во претходното коло го совлада Маџари.

А, цехот за пораз на Маџари го плати младиот состав на Водно Санс. Тимот на Маџари го одигра најефикасниот натпревар сезонава постигнувајќи дури 121 поен.

Во Прилеп, составот на мега баскет славеше над Црн Дрим, а Охрид го совлада Работнички 2, па сега три екипи имаат по 11 бодови.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 7.КОЛО
АКАДЕМИЈА ФМП – СОКОЛИ 63-77
БОРЕЦ БАСКЕТ – БУТЕЛ 79-68
АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 97-50
МАЏАРИ – ПАРТИЗАН ВОДНО САНС 121-92
ОХРИД – РАБОТНИЧКИ 2018 86-64
МЕГА БАСКЕТ – ЦРН ДРИМ 83-79

ТАБЕЛА: Соколи 13 бодови, Борец баскет 13, Ангели 12, Црн Дрим 12, Маџари 11, Охрид 11, Мега баскет 11, Бутел 10, МЗТ Скопје У.Б. 10, Работнички 2018 8, Партизан Водно Санс 8, Академија ФМП 7.