Македонија и Литванија вечерва ќе го играат првиот од двата меѓусебни дуели во квалификациите за Европското првенство 2025-та. 

Вечерва во Скопје, Римас Куртинаитис ќе дебитира на селекторската позиција во литванската репрезентација откако неодамна беше назначен на таа позиција.

„Знам само дека Ти Џеј Шортс нема да игра.  Не ги познавам многу, но од анализите дознавме на каков начин играат и отприлика кој на што е способен.

Исто така, од натпреварот со Полска знам дека се добри шутери, но за тој меч, повеќе би рекол дека Полјаците одиграа лошо затоа што веќе имаат обезбеден пласман на Европското првенство како ко-домаќини.

На ова ниво, не е важно како се вика нашиот противник, мораме сите добро да ги анализираме и да одиграме со максимален капацитет“ , смета Куртинаитис.

И Литванците имаат проблеми со ростерот бидејќи селекторот ги нема на располагање најголемиот дел од играчите од Жалгирис, како и другите евролигашки и НБА ѕвезди.

Дуелот Македонија – Литванија што ќе се игра во СЦ „Кале“ ќе почне до 18 часот.