Акционерите во ФК Вардар односно здружението ,,35 години Вардарци Скопје” претставува Милорад Миленковски денеска излеза на средба со медиумите.
На истата Миленковски за низата на случувања околу преземањето на Вардар од новиот сопственик Атила Бижен Жалили.
„Комитите“ и натаму сметаат дека новиот директор Миленко Неделковски е неадекватна личност да биде на таа функција.
„Уште на почетокот на летото имавме средба во Владата и ни кажаа дека имаат решение за Вардар.
Од таму ни инсистираа да ги предадеме акциите и на чело на клубот на биде Миленко Неделковски.
Првично не го прифативме тоа, но потоа бевме приморани да го сториме тоа и да си подадеме рака со Миленко.
При тие разговори во Владата ни беше кажано дека „Или Миленко ќе биде во Вардар, или клубот нема да постои“.
Немавме многу силни преговарачки опции, па затоа моравме да попуштиме и да се согласиме“,
истакна Миленковски.
Воедно тој информираше дека новиот сопственик има обврска за вложува од 1,5 милиони евра годишно. Воедно Миленковски информира дека долгот на Вардар изнесува 3 милиони евра.
Кон Управата за јавни приходи (УЈП) долгот е 800.000 евра, за плати се должат 1,2 милиони евра, кон ПУИГ долгот е 200.000 евра, а има и долгови кон други доверители.