Женската ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за настап на Европскиот шампионат. Попладнево раководството на РФМ, претседателот Живко Мукаетов заедно со Министерот за спорт Борко Ристовски ги посетија репрезентативките.
Тие на ракометарките им посакаа успешен настап на континенталниот собир.
„Со гордост и со искрени желби ги испраќаме нашите најдобри ракометарки на претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија, Австрија и Швајцарија!
Најважно е да го дадете својот максимум и да дадете сè од себе на ова Европско првенство за својата држава.
Претставува голема чест и задоволство да се настапува за Македонија – тоа е голема привилегија. Без разлика на резултатот, вие секогаш ќе бидете најдобрите од Македонија!Гордо да ја претставите државата, да бидете горди претставници на ракометот.
Ви посакувам среќа на ЕП! Сите ќе ве следиме и ќе навиваме за вас!Останете здрави, останете успешни и позитивни. Македонија е со вас“,
напиша Министерот, Ристовски на својот Фејсбук профил.
Македонските ракометарки ќе играат во „А“ групата на ЕП во Дебрецен. Противнички ќе им бидат ракометарките на Шведска, Австрија и домашната селекција на Унгарија. Првенството ќе се одржува од 28 ноември до 15 декември.
Претходно (22 и 23 ноември во Пореч) црвено-жолтите ќе „спарингуваат“ со Хрватска и Србија.